За нас

За Нас

Дпд Aрхангел Битола како одговорна организација ќе се погрижи за средината во која што живее населението на Општина Битола и Република Македонија, односно ќе допринесе за подобрување на изгледот на средината, покрај тоа што постојано ќе работи на подобрување на безбедноста на населението во регионот.

kamioni

Нашата Мисија

Нашата мисија е подобрување на безбедност во регионот преку обезбедување на средства за заштита, преку формирање и обука на тимови за заштита, како и едукација на населението.

Цели и Насоки

Oсновни цели и насоки на дејствување се противпожарна заштита, превенција и спречување на пожари, интервенција односно гасење на истите, како и санација на последиците од појава на пожари.

Дпд Aрхангел Битола има завршено неколку проекти за подобрување на изгледот на средината во Општина Битола преку чистење на јавни површини, имаме за цел да продолжиме со реализирање на вакви проекти со што би далe еден пример за тоа како секој граѓанин треба да се однесува кон средината. Покрај противпожарната заштита нашето друштво се фокусира и на заштита од разни други природни катастрофи и незгоди кои го загрозуваат животот и имотот на населението и посетителите во регионот.